Милан го доведува поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Рома


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Рома, Фернандо Гаго би можел да го облече дресот на Милан.

Медиумите во Аргентина соопштија дека 30-годишниот фудбалер е на мета на Милан кој се распрашува за неговите услуги.

Него договорот со Бока му истекува на крајот на сезоната и во слободен трансфер би можел да се пресели во италијанскиот гигант. Не е исклучено Милан да и плати мала сума на пари на Бока и уште во јануари да го осигура фудбалерот од средината на теренот.

Гаго во Милан ќе има задача да му помогне да се развие на Мануел Локатели. Гаго во кариерата има играно за Реал Мадрид, Валенсија, Рома и Велез, но имаше проблеми со повреди.

Од април до октомври минатата година не играше поради повреда на ахиловата тетива.