„Милан го сакаше Белоти, но нивната понуда беше…“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


 

 

Директорот на Торино, Џанлука Петраки, потврди дека од раководството на Милан се обидувале да го доведат Белоти, дури сакале да го вклучат и Мбаје Нијанг во договорот само за да ја намалат цената на италијаснкиот репрезентативец, но од Торино велат дека нивната понуда не била доволна за да го пуштат својот најдоар играч.

Помеѓу двата клуба, постои љубов, тие понекогаш разменуваат играчи, така беше и оваа лето откако Нијанг во последниот ден му се приклучи на Михајловиќ во Торино, но трансфер на најголемата ѕвезда на Торино во Милан, не се случи.

„Ова беше еден вид на сапуница“. – признава Петраки.

„Нијанг одсекогаш сакаше да ни се приклучи нам, тој дури и ја одби понудата од Сампдорија и ЦСКА Москва“.

„Од Милан се обидоа да го искористат Нијанг за доведување на Белоти, но тоа не им успеа, нивната понуда беше премала“.