Милан заинтересиран за поранешниот фудбалер на Интер


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Според Скај Спортс, поранешниот фудбалер на нероазурите оваа зима би можел да го засили тимот на Монтела.

    Двајца скаути на росонерите го следеа фудбалерот на Реал Мадрид, Матео Ковачиќ во натпреварот во ЛШ против Спортинг Лисабон.

    Милан го обнови интересот, Марко Фасоне и Масимилијано Мирабели беа на гостувањето на мадридскиот клуб во португалската престолнина.

    Хрватскиот фудбалер има 22 години, а под договор со Реал е до 2021-ва година.

    Ковачиќ оваа сезона одигра 14 натпревари за кралскиот клуб во сите натпреварувања и постигна еден погодок.