Милан закажа состанок со Кинезите – Дали конечно ќе се усогласат?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Нов состанок на Милан и кинеските инвеститори.

    Фудбалскиот клуб Милан објави дека е закажан нов акционерски состанок поради тоа што официјалната продажба на клубот се ближи.

    Кинескиот конзорциум потпиша преддоговор за купување на Милан од компанијата Фининвест чиј основач е Силвио Берлускони.

    Сега Милан потврди дека ќе се одржи барем уште еден состанок на акционерите со цел и официјално да се потврди продажбата.

    „Управниот одбор на фудбалскиот клуб Милан се сретна денеска и го одобри барањето на Фининвест да се одржи седница на акционерите на 2 декември, а потоа и на 13 доколку има потреба“, се навеудва во официјалното соопштение.

    Оваа компанија контролира 99.3 % од акциите во клубот и се откажуваат од сите и ќе ги препуштат на кинеските инвеститори.