Милан му даде ултиматум на Гатузо!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многумина се изненадени што Џенаро Гатузо сеуште е тренер на Милан, бидејќу на клубот од Сан Сиро и не му оди баш најдобро оваа сезона.

Росонерите се простија од Европската лига, а Серија А им остана за да пробаат да ја спасат сезоната.

Според пишувањата на италијанските медиуми челниците на Милан одлучиле дека веќе нема да имаат трпение со Гатузо. Милан не знае за победа веќе неколку недели, а пред Гатузо е поставен ултиматум доколку сака да го спаси своето место.

Имено, Гатузо има ултиматум во наредните три натпревари да ги поправи резултатите и играта, па на крајот од декември ќе разговара за својата судбина на Сан Сиро. Милан прво игра против Фиорентина, а потоа следат мечевите против Фросионе и СПАЛ.