Милан најде начин како да го придобие напаѓачот на Сампдорија да им се придружи!

Го искористија Росонерите „Денот на вљубените“, со цел да го придобијат одличниот голгетер да се пресели на Сан Сиро, а еве и како.

Имено, управата на Милан го испрати Карлос Бака на една „мисија“.

Тој го однесе својот сонародник и напаѓач на Сампдорија Луис Муриел на вечера за Денот на вљубените, со цел да го убеди да одбие понуди од Челси и Интер и во наредното лето да парафира договор со Милан!

За поранешниот фудбалер на Лече и Удинезе владее голем интерес, Конте е голем почитувач на неговите квалитети, а и амбициозната управа на Нероаѕурите со драга воља ќе сакаат да го видат во своите редови.

Сепак, Милан има тајно оружје во вид на Карлос Бака и верува декла вечерата со соиграчот и репрезентацијата на Колумбија, ќе ги сврте работите во негова корист.

Монтела исклучително го цени Муриел, посебно му се допаѓа константното движење и притисок во последната линија, кој неуморно ги извршува напаѓачот на Сампдорија, и верува дека тој и Бака ќе сочинуваат одличен тандем во нападот на Росонерите во наредната сезона.

Во тимот од Луиџи Ферара бараат барем 35 милиони евра за неговите услуги, јасно е дека во наредното лето тоа ќе можат да го понудат сите заинтересирани страни, и одлуката ќе мора да ја донесе самиот напаѓач.

Поради се тоа, се чини дека ова е „лукав“ план на Росонерите може да успее.