Милан не се откажува од Кеита, стигна нова понуда за талентираниот напаѓач!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

Милан не сака да престане со засилување ова лето и откако веќе доведе 11 нови играчи, на пат е да донесе уште еден напаѓач со кој би се комплетирал тимот.

 

Станува збор за репрезентативецот на Сенегал, Кеита Балде, кој минатата сезона импресионираше во дресот на Лацио.

Новата понуда која Милан ја достави до раководството на Лацио е 15 милиони евра во кеш плус Нианг и еден од двајцата дефанзивци, или Палета или Густаво Гомез.

Ретко гледаме размени на трансфер-пазарот во последните неколку години, но ова навистина би можело да се случи бидејќи Милан го гледа овој вид на трансфер како идеална опција да се ослободи од Нианг, кој не прифаќа трансфер надвор од Италија. Милан веќе прифатија понуди за него од Ватфорд и Спартак Москва, но тој ги одби двете бидејќи сакаше да се приклучи на тимот на Торино, кој пак достави многу помала понуда за него за разлика од Ватфорд и Спартак М.

 

Лацио е во тешка ситуација околу останувањето на Кеита Балде бидејќи тој сака да го направи следниот чекор во кариерата и да отиде во тим кој ќе се бори за титули, додека Лацио пак му ветува дека тимот ќе напредува во наредните неколку години но само доколку тој остане во Рим.