Милан сакал уште едно зимско засилување, поранешениот играч рече НЕ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џенаро Гатузо можеше да добие одлично засилување но зборовите на французинот одлучија.

Навивачите на Милан би можеле да бидат задоволни од направеното во зимскиот преоден рок.
Лукас Пакета и Кристоф Пјонтек засега се прикажаа во одлично светло, но Росонерите сакаа уште некое засилување.

Посебно за позицијата крилен напаѓач се споменуваа Јаник Караско и Џерар Делофеу меѓутоа во последните моменти од преодниот рок излезе името Алан Сен- Максиман.

Фудбалерот на Ница сакал да замине во Милан, но клубовите не пронашле заеднички јазик.

Причината? Некогашниот фудбалер на италјанскиот клуб Патрик Вијера се заканил со отказ на местото тренер на Ница доколку клубот го продаде Сен- Максиман.