Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претставници на Спартак Москва денеска објавија дека постигнале договор со Милан за купување на францускиот напаѓач М’баје Нианг.
22-годишникот веќе подолго време беше на излезна врата на клубот од Милано а помеѓу заинтересираните клубови беа и англиски премиерлигаши. Сепак, тој ќе заврши во руската лига, во црвено-белиот дрес на Спартак Москва.
Договорената цена на трансферот изнесува 18 милиони евра, што е одлична зделка за Милан во однос на тоа дека Нианг воопшто не беше во плановите на тренерот Монтела за следната сезона. Спартак Москва пак, по шампионската сезона која ја имаше лани, се засилува со дури трет играч од Милан откако претходно ги донесе Марио Пашалиќ и Луиз Адријано.
М’баје Нианг потпиша за тимот на Милан уште во 2012 година, но досега беше праќан на позајмици во Монпеље, Џенова и Ватфорд.
Тој утре ќе ги изврши медицинските прегледи во Рим пред да замине да го потпише договорот во Москва.