До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Милан синоќа со 1:0 славеа во гости кај Сампдорија и го остварија вториот триумф во 4 коло од Серија А.
Карлос Бака погоди за шест бода во сезоната, а италијанските медиуми тврдат дека Росонерите сакаат да го вратат Тиаго Силва на Сан Сиро.
31-годишниот Бразилец и понатака е главен играч на ПСЖ, но неговиот договор истекува во 2018 година и Парижаните ќе мораат да го продадат доколку сакаат и нешто да заработат.
Силва со доста успех веќе го носеше дресот на миланскиот клуб од 2009 до 2012 година, а тогаш премина во Париз каде што стана еден од главните играчи.
https://www.youtube.com/watch?v=a8CeaHsCbr0














