Мисијата на Раниери е исполнета: Фукс го продолжи договорот со „Лисиците“


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Искусниот лев бек на Лестер го продолжи договорот на две сезони со можност на зголемување.

    Клаудио Раниери успеа во намерата да го задржи шампионскит тим на Лестер заедно. Го загуби само Н`Голо Канте, кој ова лето се пресели во Челси, но затоа задржа многу ѕвезди од минатогодишниот сензационален поход кон титулата и го обезбеди нивното останување во редовите на актуелниот шампион на Англија на долг период.

    Прв чекорот го направи капитенот Вес Морган, потоа првиот стрелец Џејми Варди и главниот асистент Ријад Марез, па и голманот Каспер Шмајхел. Во текот на летото нов договор потпиша и играчот Дени Дринквотер, а сега на ред дојде и искусниот дефанзивец Кристијан Фукс.

    Австријанецот денеска потпиша нов двегодишен договор со „лисиците“, според кој ќе остане на „Кинг Пауер“ до летото 2019. година. Наместо досегашните 56.000 евра неделно, новиот договор на искусниот дефанзивец му донесе зголемување на платата на дополнителни 14,000, па ќе заработува 70,000 евра неделно, односно околку 3,5 милиони евра по сезона.

    Минатото лето Фукс (30) пристигна како слободен играч од Шалке, а до сега веќе запиша 46 настапи за „Лисиците“. Фудбалерот кој се одликува со одличниот шут со левата нога неколку пати изрази желба после фудбалската кариера да настапува како шутер во НФЛ, но тоа нема да биде случај барем овие најмалку две и пол години.

    „Среќен сум што останувам во овој клуб. Имавме преубава мината сезона, која се продолжи и оваа есен во Лигата на Шампионите. Задоволен сум во Лестер, клубот каде што ги доживеав најубавите моменти во кариерата. Во Австрија ме нарекуваат Лисица и навистина е убаво да се биде меѓу овдешните англиски лисици“, изјави Фукс.

    Како и да не, кога 3,5 милиони евра му легнаа лесно. Но, тој сосема ги заслужи, бидејќи Фукс минатата сезона на своите соиграчи им подготви 45 прилики за гол, што е 10 повеќе од прескапиот Рахим Стерлинг.