Митровиќ повторно во Премиер лигата, станува вториот најскап играч на клубот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентативецот на Србија, Александар Митровиќ би можел да биде една од ѕвездите на следниот трансфер период.

Одличниот напаѓач е незадоволен во редовите на Њукасл, каде што повеќето време го поминува на клупата, па поради тоа сака да си замине во јануари.

Чампионшип сигурно не ги задоволува амбициите на Митровиќ, а веќе некое време се зборува за интересот на клубовите од Премиер лигата за неговите услуги.

Најмногу заинтересирани, според тврдењата на британските весници се Свонси и Кристал Палас.

Така, велшкиот клуб веќе испратил понуда до Њукасл од дури 17,5 милиони евра. Доколку дојде до овој трансфер, Митровиќ би станал вториот најскап фудбалер во историјата на клубот веднаш зад Борје Бастон (18 милиони).

„Daily Express“ тврди дека на Свонси им се неопходни засилувања во нападот во борбата за опстанокот, а менаџерот Боб Бредли го одбележа поранешниот играч на Партизан како приоритет.

Интересно е тоа што овој клуб уште во летото 2015. година го посакуваше Митровиќ, во тоа време играч на Андерлехт, но Њукасл сепак победи во трката.

Митровиќ оваа сезона постигна само три гола на 12 натпревари, бидејќи повеќето влегуваше од клупата.