До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Божествените одбрани на Џиџи Донарума директно се заслужни за барем 10 од 22 бода на Росонерите.
Трето место на табелата. Секој реален навивач ќе биде многу задоволен кога таков распоред биде и на крајот на сезоната во Серија А.
Парадоксално, да зависиш најмногу од еден човек, неочекуван херој на Милан, Џанлуиџи Донарума.
Тинејџерот кој Синиша Михајловиќ го промовираше во прв голман на Росонерите во оваа сезона докажува на сите спектици дека не биле точки заверите поради тоа што поранешниот тренер на Милан му пружи шанса само да му наштети на Диего Лопез.
Не, Михајловиќ беше во можност на Донарума да го види пред останатите. И доволно паметен да сфати дека пред него е вистински бисер од кого Милан може да има голема корист во иднина.
Таа иднина стигна порано отколу подоцна, а неговиот симбол е деталот од 62 минута од дуелот со Пескара:
Проектил на Ледијан Мамушај, имаше таа топка совршено ефе, одеше право во самиот агол на голот на Милан, а тогаш небесен скок на 17-годишниот голман…
Италијанските кина ќе речат: Ла гранде Белезаа . Голема убавина.
https://www.youtube.com/watch?v=_lSLFt31KBo
Не беше тоа единствена парада на Донарума против Пескара. Ги имаше вкупно седум, па и петти пат ја сочува мрежата недопрена.
Во оваа сезона тоа не успеа на ниту еден друг голман во петте најсилни лиги во Европа.
Тоа беше, според тоа, само симбол на вештините на Донарума. Вештината е основа на секоја уметност, а тогаш што голобрадото момче го прави во оваа сезона на голот на Милан навистина се граничи со најубавите делови од италијанските ренесански мајстори.
Да се потсетиме на случувањето од пред недела дена против Јувентус. Сами Кедира можеше само да биде во неверување како Донарума веќе виден гол претвора во одбрана на колото и уште една победа на Росонерите.
https://www.youtube.com/watch?v=6iE3JVzVdeI&feature=youtu.be
По тој повод на Апенините се запрашуваат колку веќе ги имаше во овие 11 кола?! И многу поважно: Колку негови интервенции придонесоа за резултатите на Милан? Тој е некој вид на ренесанса на Милан. Уште една лоша ќе го фрли гигантот на колена. Додуша, се очекуваше некој друг да го облече костумот за јунак, а го направи тоа 17-годишен.
Газета дело Спорт пресмета дека Џиџи Донарума на Милан директно донесе барем 10 бодови од вкупно 22 колку што досега освои на Сан Сиро.
Веќе во првото коло против Торино, Милан славеше со 3:2, бодовите се заверени дури поради тоа што Донарума во шестата минута од судиското продолжение го запре ударот на Андреа Белоти од пенал. Карлос Бака постигна хет-трик, а таков голгетерски подвик ќе беше три пати поевтин да не беше Донарума.
https://www.youtube.com/watch?v=jtI2QkeaY5U
Неколку бравури и во лудата понуда над Сасуоло од 4:3. Тогаш три пати беше матиран Џиџи, но соиграчите го оставија сам како да е на стрелиште. Имаа Нероверди и шут за израмнување, но Донарума го воодушеви Сан Сиро со пантерска одбрана после шутот на Мaтео Политано, која можете да ја видите на 5.36 од почетокот на видео снимката од овој пасус.
Четири одбрани вредни 12 бодови. Тие клучни. И ги имаше уште. Во победата од 2:0 против Лацио неколку не баш спектакуларни, но и многу важни интервенции, одличен беше и недела порано на гостувањето кај Сампдорија на Мараси.
На прочуената фреска на Микеланџело „создавањето на човекот“ Бог му даде живот на првиот човек на планетата Адам.
Во октомври минатата година Синиша Михајловиќ му даде фудбалски живот на Џиџи Донарума, а како ова тргна нема да биде изненадување а ако баш тој создаде еден нов свет на црно-црвениот дел од Милано.
Свет кој ќе потсети на времето кога Росонерите плашеа во секој агол на Европа.















