Михтаријан објасни зошто го избра баш Манчестер Јунајтед


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Ерменскиот фудбалер Хенрик Михтаријан во минатото лето премина од Борусија Дортмунд во Манчестер Јунајтед.

    Михтаријан го бараа многу европски клубови, но тој на крајот сепак се одлучи да премине во Манчестер Јунајтед, а објасни и зошто тоа го направи.

    „Дефинитивно не е вистина дека поради платата преминав во Манчестер Јунајтед, туку од фудбалски причини. Стигнав во овој клуб поради нивната историја, навивачи и тренер кој е најдобар на светот.

    Секогаш татко ми ме учеше да напредувам во кариерата и Манчестер Јунајтед мислам дека е вистински клуб во кој можам да станам уште подобар фудбалер“, рече Михтаријан за ерменските медиуми.

    Сепак, Михтаријан засега не се прослави на Олд Трафорд бидејќи почна само еден месец во Премиер лигата и се е извесно неговото заминување од клубот.