Млад репрезентативец на Англија на радарот на “Професорот“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Островските медиуми пишуваат дека Арсенал сериозно загриза за талентираниот играч на Мидлзборо.

    Според ексклузивните сознанија до кои што дојде Дејли Мирор, Арсен Венгер тргна во акција на доведување на Хари Чапмен во својот табор.

    Споменатиот извор наведува дека скаутите на Арсенал веќе некое време го следат талентираниот тинејџер, и дека од Емирати може да испратат понуда на Риверсајд веќе во претстојниот преоден рок.

    Сепак, не се напоменува колку пари Топџиите планираат да издвојат за овој трансфер, а примарна позиција му е крило.

    Во оваа сезона настапува за третолигашот Шефилд Јунајтед како позајмен играч на Боро.