Многу време помина откако Реал и Барса имаат изгубено во ист ден


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Реал Мадрид и Барселона се двата најдоминанти тимови во Ла Лига и многу ретко губат мечеви.

Сепак, и на големите ѕвезди на Каталонците и Мадриѓаните им се случува да избгубат, а баш е реткост тоа да се случи и во ист ден.

Токму тоа се случи синоќа. Најпрво Барса изгуби на гостувањето кај Леганес, иако водеше со 1:0, а потоа и Реал беше демолиран од Севиља со 3:0.

Последен пат се случи да изгубат во ист  ден пред скоро  четири години, поточно 4. јануари 2015. година. Барса беше поразена на гостувањето кај Сосиедад, а Реал од Валенсија.

На овие порази најмногу се има израдувано екипата на Атлетико Мадрид која сега има само два бодови помалку од споменатите ривали.