„Модриќ ги заслужи овациите, тој е многу добро момче“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал со одлична претстава на Сантијаго Бернабе ја совлада Осасуна со 5:2. Бланкоси беа растрчани и разиграни, а гостите уште добро и поминаа.

„Бевме одлични. Среќен сум и задоволен“, кратко одма порача тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан па се наврати и на Лука Модриќ кој доби овации на Бернабе и постигна одличен гол:

„Многу сум среќен поради него. Не само поради денешната игра веќе поради тоа што го вложува веќе долго време. Не треба многу да зборувам за него. Овациите од Бернабе ги заслужи, тој е многу добро момче што сите го сакаат“, полн со пофалби за хрватскиот играч.

На теренот после повреда се врати Кристијано Роналдо и одма постигна гол.

„Кристијано го има тој посебен допир и леснотија при постигнување. Уште многу се натпревари пред нас и сигурен сум дека тој ќе сруши уште многу рекорди. Задоволен сум и какко Бензема одигра. Денеска бевме добри во скок игра“, рече Зидан, а пренесува Гоал.