Модриќ сепак е лесно повреден, но Марело не помина добро


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид Марсело и Лука Модриќ ќе паузираат поради повреда на мускулите, соопшто вчера шпанскиот клуб.

Марсело ја повреди задната ложа на левата нова во саботата во натпреварот против Малага во шпанското првенство, поради што излезе од игра во 26 минута.

Клубот не наведе колку долго ќе отсуствува бразилскиот лев бек, но медиумите пренесоа дека ќе паузира најмалку месец дена.

Ова не добра вест за Зинедин Зидан, поради тоа што во тој период Реал има три тешки меча во три различни натпреварувања, против Селта во Виго, во Купот на кралот и Примера, потоа со Наполи во ЛШ.

Модриќ е заменет во 79 минута поради болка во десната нога, а тестовите покажаа дека има проблем со аддукторот. Тој треба да се врати на тренинзите за недела дена.

Тие двајца сигурно ќе го пропуштат реванш натпреварот од Купот на Кралот, кој Реал во среда ќе го гира против Селта.