„Можев да го доведам Роналдо во Барса, ми беше понуден“

    Лапорта, инаку поранешен претседател на Барселона пред големото дерби во Сабота даде интересна изјава. Тој рече дека пред Роналдо да оди во Јунајтед му бил понуден и можел да го доведе во Барселона.

    „Ги доведовме Роналдињо, Маркез и Кварезма. Го реконструиравме тимот а јас бев во Португалија да преговарам околу Деко, а ми го понудија и Роналдо. Давав 17 милиони евра за него, но Јунајтед даде 2 милиони повеќе и го зеде“ -вели Лапорта

    Но Лапорта смета дека Меси е најдобар во светот:„Мислам дека Меси е најдобриот играч во историјата на фудбалот. Имаше многу играчи со квалитет но Меси е над сите. Природен талент е, знае да даде гол и тој е лидер“

    Епа во 2003 Лапорта да ги дадеше тие 3 милиони повеќе сега Роналдо ќе го гледавме во Барса, и веројатно немаше да биде најдобриот во ривалот на Барса.