„Можеме до титула“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Арсенал, Шкодран Мустафи изјави денеска дека верува дека неговата екипа може до титула во ПЛ.

До крајот има уште 14 кола, а Арсенал заостанува дури 12 позади Челси.

„Мислам дека ќе е тешко, многу тешко, но сепак верувам. Не се откажувам. Се додека е можно ќе се бориме за титула, а на крај ќе видиме до каде сме“ – изјави Мустафи за Скај Спорт

Мустафи прокоментира и за поразите од Вотфорд и Челси.

„Од Вотфорд изгубивме дома и беше многу разочарувачки. Касно се пробудивме, примивме 2 брзи гола и беше тешко да се вратиме. Разочарани сме и од поразот од Челси. Знаевме дека ќе биде тешко таму, а верувавме во победа. Но не направивме многу“ – изјави Мустафи.

Арсенал во 25тото коло игра против Хал оваа сабота.