Молк во Јане Сандански – Рајн Некар го декласира Вардар


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Ракометарите на Рајн Некар Левен славеа со 26:29 во Јане Сандански против Вардар во натпревар од осмото коло во ЛШ.

    Се играше гол за гол на натпреварот се до резултат, 11:11. Ракометарите на Вардар постигнаа два погодоци во серија и за прв пат на натпреварот имаа водство за од два погодоци, 13:11. Гостите возвратија со иста мерка и повторно го израмнија резултатот, 13:13. Следуваа нови два погодоци во серија на Вардарци за водство од 15:13, но до крајот на првото полувреме ракометарите на Рајн Некар го израмнија резултатот, 15:15. Лош почеток на Вардарци во второто полувреме. Три погодоци постигнаа гостите за водство од 16:19. Потоа повторно постигнаа гостите три погодоци во серија за 19:25. Рајн Некар на крајот славеше во Јане Сандански против Вардар со 26:29.

     

    Жоан Канелјас и Вуко Борозан со по 6 погодоци беа најефикасен во тимот на Вардар. Ларсен и Рајнкинд со по 7 погодоци го предводеа Рајн Некар до победа на денешниот натпревар.

    Вардар во следното коло му гостува на Киелце, а Рајн Некар игра повторно на гости, против Загреб.