Моментот на генијалност на Зизу на полувремето од финалето во ЛШ: Сакам да ви кажам две работи…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Зинедин Зидан вчера и официјално се врати на клупата на Реал Мадрид, а веќе синоќа и утрово многумина се присетија на некои негови генијални моменти во текот на првиот мандат на клупата на Кралевите.

Да потсетиме, популарниот Зизу со Реал освои три трофеи во ЛШ едно подруго, а во едно од финалињата го победи Јувентус со 4-1.

Тогаш Реал Мадрид објави видео во кое прикажаа што Зидан им рече на своте играчи на полувремето на тој натпревари.

Да потсетиме, во тој момент резултатот беше 1-1.

„Само две работи сакам да ви кажам. Ова е финале. Тежок е натпреварот и за нив. Најважна работа за нас е да бидеме агресивни во одбраната. Кога кажувам агресивни, не мослам на тоа дека треба да добиваме картони.“

„Само треба да се погрижите да бидете секогаш близу до топката, сите треба да бидат борци и агресивни.Тие играат 4-4-2 со Алвес и Манџукиќ кои стојат многу високо. Иско, ти треба да бидеш поагресивен на левата страна кога се браниме во формација 4-4-2, а кога имаш топка барај простор помеѓу линијата. Кога имаме топка мораме да бидеме трпеливи…“, помеѓу останатотот кажа Зизу таа ноќ во Кардиф на своите фудбалери.

Неговиот говор очигледно вроди со плод кај играчите на Кралскиот клуб кои во продолжение одиграа скоро совршено и победија со 4-1.