Момент за историја: Првиот фудбалер од Индија потпиша за клуб од Примера


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Денес е важен ден за индискиот фудбал, бидејќи по прв пат во историјата ќе имаат играч во шпанската Примера.

    Имено, младиот и суперталентиран Ишан Пандит е нов член на шпансиот Леганес, со што стана првиот фудбалер од Индија кој ќе игра во шпанската прва лига. Исто така, тој ќе биде и првиот индиски фудбалер кој ќе настапи во една од најсилните пет лиги во светот. Младиот играч шанса за деби ќе има за десетина дена, кога лигашкиот фудбал се враќа во Европа.

    Леганес имаше одличен почеток во дебитанската сезона во Ла Лига, бидејќи по седум натпревари имаат десет освоени бода, а поминаа голем број на тешки натпревари уште на почетокот.