Монако „новиот Мбапе“ го најде во Барса?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесува шпански Спорт управата на Монако на млад фудбалер може да понуди нешто што Барса не може.

Монако веќе со години исклучително работи на трансфер пазарот, за било колку пари да ги купи играчите од нивната продажба добива далеку повеќе, станаа синоним за афирмација на млади играчи, а речиси це целиот состав на екипата на Леонардо Жардим интерес владее од сите краеви на Европа.

Сега наводно се на прагот на уште една одлична зделка, бидејќи се на добар пат да го ангажираат младиот фудбалер на Барселона Жорди Мбула.

Ова момче е родено во Каталонија настапува за младинската селекција на Блауграната, има 18 години и во оваа се зона покажува дека поседува голем потенцијал.

Имено, во девет меча на Младинската Лига постигна осум голови, што автоматски привлече внимание на Монако.

Тие за разлика од Барса може да му понудат место во сениорската селекција веќе во наредната сезона, што е огромна предност за францускиот клуб.

Претставниците на младиот фудбалер веќе беа во Кнежевството, каде што се сретнаа со потпретседателот на клубот Вадим Васијавим и спортскиот директор Антониј Кордон. Младиот Мбула има откупна клаузула од само три милиони евра, што секако не е проблем за актуелниот лидер на франсуката Лига 1.