„Мораме да веруваме во пласман во финале“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Монако Леонардо Жардим смета дека Џиџи Буфон беше пресуден фактор во синоќешниот натпревар.

Монако е поразен на својот Луј втори од Јувентус со 2:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.

„Мислам дека вечерва Јувентус доминираше во текот на првите 15 минути, а тогаш воспоставивме рамнотежа во остатокот на натпреварот“, рече Жардим и додаде:

„Екипата одигра добар натпревар. Сакам да ги пофалам моите играчи за пружената партија. Ова е фудбал“.

Тренерот на Монако смета дека на никого не е лесно да игра против Јувентус.

„Не е лесно на било кој да игра против Јувентус. Килијан Мбапе не можеше да пронајде простор и мора да научи да го создава, кога го нема. Буфон направи две или три неверојатни одбрани и тој беше пресуден фактор во овој натпревар“, рече Жардим.

Стратегот на франфуската екипа и понатака верува дека може да се пласира во финалето на Лигата на шампионите.

„Сега е тешко, но апсолутно мораме да веруваме дека можеме да се пласираме во финале. Најдобар начин дека имаме и мала шанса ќе биде да го победиме Нанси за викндот во важниот натпревар во француската Лига 1, и така да добиеме самодоверба пред патот во Торино“, рече Жардим.