МОТО ГП – Марк Маркез е светски шампион


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Возачот на Хонда, Марк Маркез заврши прв на ГН на Јапонија возена на патеката Мотеги и со тоа ја освои петата титула, трета во МОТО ГП класата..

    Одличен старт имаше Лоренцо кој стигна до првата позиција. По неколку круга Марк Маркез го презеде водството. Роси долго се мачеше да го престигне клупскиот колега и после престигнувањето италијанецот падна и ја заврши трката. Маркез направи голема предност пред Лоренцо, а Довициозо се обидуваше да го престигне возачот на Јамаха. На пет круга до крајот Хорхе Лоренцо ја заврши трката и со тоа Марк Маркез стана светски шампион. Маркез ја освои петата титула, трета во МОТО ГП класата. Андреа Довициозо заврши втор, а на третото место Маверик Вињалес од Сузики. Четврт заврши клупскиот колега на шпанецот, Алеиш Еспаргаро. Крачло пети, Пол Еспаргаро шести, Алваро Баутиста седми, возачите на Прамак, Петручи и Рединг, осми и девети, а Штефан Брадл заврши на десетото место.

    Хорхе Лоренцо, Валентино Роси, Џек Милер и Еуген Лаверти не ја завршија трката.