Моџи открива каде ќе одат Алегри и Зидан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Човекот кој некогаш жареше и палеше низ европските терени во улога на директор во гигантот од Торино објави занимливи податоци, а тврди дека од лето нови работи ќе имаат актуелниот тренер на Бјанконерите, Максимилијано Алегри и Зинедин Зидан.

Моџи тврди дека Алегри наредното лето ќе го превземе Мадридски Реал, а на негово место на клупата на Јуве ќе дојде Зидан. Тој тврди дека оваа работа е веќе завршена и дека само прашање е на време кога ќе се објават овие информации.

Моџи како директор на Јувентус направи многу големи трансфери. Меѓу нив е и продавањето на Зидан во Реал во 2001. година за рекордни 73.5 милиони евра, но замина од фудбалот после големиот скандал со местење на натпревари Калчополи.

Доживотно му е забрането работењето во фудбалот, но сеуште е многу интересен соговорник кој има навистина голем број на информации.