Мурињо во акција - Луда понуда на Јунајтед за англиски напаѓач

Манчестер Јунајтед спреми луда понуда за напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн.

Наводно тренерот на црвените ѓаволи, Жозе Мурињо сака кај себе да го види 23-годишниот Кејн т.е спреми 80 милиони фунти.

Фантастичниот напаѓач неодамна го продолжи договорот со петлите до 2022-ра година. Тоа изгледа не претставува проблем за клубот од Олд Трафорд и тие се спремни да платат огромна сума на пари за да го видат Кејн во црвениот дрес.

Англискиот напаѓач и минатите сезони беше на мета на Јунајтед. Сепак, вистинска понуда немаше, па Кејн неодамна го продолжи договорот со Тотенхем.

Оваа сезона Кејн одигра 14 натпревари во ПЛ и постигна 10 погодоци.