Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Хенрик Михтаријан ова лето пристигна во Манчестер Јунајтед, а менаџерот на Јунајтед, Жозе Мурињо очекува тој конечно да покаже што знае.
Ерменецот разочара во првите два месеци на „Олд Трафорд“, а поради повремените повреди тој нема играно од поразот од Сити на 10. септември.
Иако беше подготвен, не беше во тимот на гостувањето на Енфилд против Ливерпул во понеделникот, но денеска би можел да се најде во стартната постава против Фенербахче во Лигата на Европа.
„Беше долго време повреден, веќе не е, тренира со тимот без ограничувања. Не можам да потврдам дали ќе игра, но подготвен е кочено да покаже што може“, изјави Мурињо.
Фенербахче пристигнува на Олд Трафорд во тежок момент за „црвените ѓаволи“, бидејќи играат по само три дена по натпреварот против Ливерпул, а за три дена ќе има уште поголем предизвик во Премиер лигата против Челси.