Мурињо го израдува Швајнштајгер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо би можел да го задржи Бастијан Швајнштајгер во тимот.

Германскиот фудбалер беше на маргинтие кај Мурињо, но во последниот натпревар против Вест Хем, Португалецот му даде шанса, а Швајни со насмевка на лицето истрча на теренот.

Тоа би можело да значи дека Германецот ќе добие доверба од Мурињо и дека, по се, нема да биде побарано од него да си пронајде нов клуб. Мурињо оптимиситчки делуваше кога зборуваше за поранешниот играч на Баерн.

„Во летото ние се обидувавме да направиме нешто, но Бастијан беше силен и одлучи да остане, дури и кога беше тешко. Работеше и заслужи да игра. Ги сакам луѓето кои се решени. Тој може да ни помогне. Бастијан е уште еден во тимот и работи на тоа да добие што повеќе шанси“, изјави Мурињо.