Мурињо го опиша Златан со еден збор!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја запишаа седмата победа во Премиерлигата, а менаџерот на Црвените ѓаволи го пофали Златан Ибрахимовиќ после триумфот над Кристал Палас.

После три реми по ред Манчестер Јунајтед запиша две победи во Премиерлигата, а последната  ја донесе „осовината“ Пол Погба – Златан Ибрахимовиќ.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо го пофали стрелецот и асистентот од мечот со Кристал Палас, но значително повеќе комплименти имаше на сметка на Златан Ибрахимовиќ.

„Додавање, движење на теренот, погодок, но мене најмногу ми значи тоа што Златан го направи после постигнатиот погодок. Го доби секој важен дуле, имаше неколку одлични примени топки, а притоа го успори ритамот…Тој е феноменален, не само поради голот кој ни донесе три бода, веќе поради концетрираноста и страстите кои ги покажува како лидер на овој тим. Со еден збор – фантастично!“, порача Мурињо.

Манчестер Јунајтед го совлада Кристал Палас како гостин со резултат 2:1, а Златан Ибрахимовиќ запиша асистенција и гол. Победоносниот гол го постигна на две минути пред крајот на дуелот.