Мурињо доведе легенда на тренинг на Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во оваа сезона на неколку тренинзи на Манчестер Јунајтед како гостин присуствуваше легендарниот Сер Алекс Фергусон.

Тоа во разговор за англиските меидуми го отки Жозе Мурињо кој е во добри односи со шкотскиот стручнак, а интересно е дека Фергусон од пензионирањето избегнуваше да доаѓа во тренинг базата во Карингтон.

„Алекс не се враќаше откако замина, но сам го вратив на тренинг за биде со своите луѓе. Сакав фудбалерите да видат голем човек, но и за нас двајцата да поминеме некое време заедно.

Навистина уживав“, рече Жозе.

Мурињо е трет менаџер во Манчестер Јунајтед после Фергусон.

„Ние имаме добар однос и знам дека ова е негова куќа. Кога сака да дојде овде, во соблекувалната, да ги види играчите на тренинг, знае дека е добредојден“.

Вреди да се истакна дека Фергусон во текот на 26-годишната ера на Олд Трафорд освои многу трофеи, вкучувајќи 13 титули во Премиер лигата и два во ЛШ.