Мурињо е бесен – Дали извинувањето ќе помогне?


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Скандалот кој за време на репрезентативната пауза го направи капитенот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни уште не доби конечен епилог и тешко дека работите ќе се вратат на свое место иако Руни  јавно се извини.

    За време на репрезентативната пауза многу фудбалери се повредуваат, но овој пат работите во Манчестер Јунајтед работите отидоа во друг правец.

    Капитенот на црвените ѓаволи направи скандал бидејќи после квалификацискиот натпревар против Шкотска претера со алкохолот, а потоа следеше официјално соопштение од ФА дека е повреден и дека поради тоа мора да се врати во Манчестер.

    Британските медиуми објавија шокантни фотографии на кои се гледа дека Вејн Руни претерал со алхоколот поради кои капитенот на Манчестер Јунајтед им се извини на ФА и Герет Саутгејт.

    Засега нема реакции од Жозе Мурињо, а Скај Спортс соопшти дека тренерот на Манчестер Јунајтед е бесен на ФА поради тоа што му било дозволено на англиските репрезентативци да пијат алкохол после победата против Шкотска.

    Ваквиот пристап на Вејн Руни без сомневање ќе го поремети односот со Жозе Мурињо и тешко дека било какво извинување во скоро време ќе ги промени работите на подобро.