До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Играчите на Манчестер Јунајтед не ги оправдаа очекувањата во досегашниот дел од сезоната.
Посебно тоа се однесува на некои ѕвезди како Златан Ибрахимовиќ.
Иако Јунајтед и не игра лошо, едноставно резултати нема и тоа може да ги загрижува Жозе Мурињо и неговите помошници, но и сите навивачи на Јунајтед.
И додека ѕвездите пробуваат да се адаптираат на новата средина, староседелецот Џеси Лингард покажа во последниот меч против Барнли дека е квалитетен.
Клубот се одлучи со него да ја продолжи соработката, и ќе добие зголемување во однос на досегашните 30 000 фунти неделно. Дваесет и три годишниот има договор со Јунајтед на уште 18 месеци, но на Олд Трафорд проценија дека тој заслужува уште долго во клубот.















