Мурињо испровоциран ја напушти конференцијата после мечот на Гудисон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот стратег после едно прашање на новинарите едноставно замина.

Манчестер Јунајтед уште еднаш разочара во Премиерлигата, не успееја да триумфираат на гостувањето кај екипата на Евертон, со голот на Бејнс од белата точка во финишот на мечот Карамелите освоија бод.

После дуелот,  одржа конференција за медиумите, Мурињо одговараше на најразлични прашање од новинарите.

Ја пофали Португалецот играта на својот тим, посебно ги истакна одличните партии на Рохо и Фил Џонс.

„Џонс и Рохо одиграа одлично, тоа се играчи кои речиси никогаш не играа за клубот во претходните две години“, изјави Мурињо.

Посебниот истакна дека е задоволен со настапот на неговите играчи, дека во пет претходни мечеви се среќаваа со многу тешки ривали.

Сепак, последното прашање на конференцијата не му се допадна, па одма по давањето на одговорот на истото излезе од салата за конференции на стадионот на Евертон.

Еден новинар го праша дали го загрижува тоа што неговиот тим и покрај добрите игри не успева да дојде до победа, Португалецот му одговори и ја напушти салата.

„Морате да одлучите, кога моите тимови ги добиваат натпреварите и освојуваат титули велите дека тоа е е убаво, а сега зборувате дека само е важно да се остварат резултати.

Во Премиерлигата имаме тимови кои се бранат со 11 играчи, шутираат топки напамет и напаѓаат кога имаат простор преку контранапади и така добиваат натпревари, а на вас тоа е одлично, прекрасно.

Па така, морате да донесете одлука“, изјави Мурињо пред напуштање на конференцијата.

https://www.youtube.com/watch?v=fL50ku1K2uw