До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Манчестер Јунајтед во оваа сезона не пружа резултати кои се очекуваат од оваа екипа, а навивачите барааат од Жозе Мурињо итно нешто да промени.
Црвените ѓаволи во претходниот викенд ремизираа против Арсенал и така повторно не успееја да запишат три бода на Олд Трафорд.
Навивачите на Јунајтед очекуваат некои промени, а Мурињо наскоро може да ги послуша.
Имено, Мурињо може да се угледа на Пеп Гвардиола кој отпишаниот Јаја Туре го врати во тимот.
Туре тоа му го врати на најдобар начин и со два голови донесе победа на Сити.
Англиските медиуми пренесуваат дека португалскиот стручнак може да ја искористи истата тактика, и конечно да даде шанса на Михтаријан кој во последно време натпреварите ги следи од клупата.
Навивачите на Јунајтед веруваат дека некогашниот играч на Дортмунд може да донесе промени во екипата. Сепак, тешко е да се рече дека Ерменецот може да одговори на оваа задача како Туре во Сити.















