Мурињо како е да проколнат – Нова повреда, кој ќе го нападне Арсенал?!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Жозе Мурињо е во огромни проблеми пред дербито со Арсенал.

    Верувале или не, Манчестер Јунајтед во текот на репрезентативната пауза ќе остане без четворица играчи.

    Додуша, Крис Смолинг и Лук Шо надвор од тимот беа и во минатиот викенд поради повреда, но на официјално боледување отидоа кога почна паузата поради репрезентацијата.

    На Смолинг е утврдена сериозноста на повредата и тој ќе биде надвор од тимот неколку недели.

    Потоа повреда доживеа Маруан Фелаини, а синоќа селекцијата на Англија ја напушти Вејн Руни!

    Фудбалската асоцијација на Англија потврди дека Руни ја напушти селекцијата и дека поради повреда на коленото нема да игра прортив Шпанија во пријателски меч.

    Тој ќе отпатува во Манчестер на дополнителни испитувања, после што ќе биде познато дали ќе биде спремен за дуелот со Арсенал.

    Да потсетиме, Златан Ибрахимовиќ е суспендиран за овој меч, Ерик Бејли од порано е повреден, па така Мурињо е на големи маки.

    Во овој момент, делува дека во најдобар случај Мурињо може да игра со Џонс и Блинд како стопери, Дармијан повторно ќе го менува повредениот Валенсија, додека нападот може да го предводи Маркус Рашфорд.

    Во овој момент, тимот на Јунајтед може да изгледа вака: Де Геа – Дармијан, Џонс, Блинд, Рохо – Погба, Ерера – Лингард, Мата, Јанг (Марсијал) – Рашфорд.