Мурињо најде идеална замена за Ибрахимовиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот напаѓач на Ајакс, Каспер Долберг оваа сезона блесна во дресот на холандскиот клуб и привлече големо внимание.

Долберг досега во сите натпреварувања има постигнато 22 погодоци и му помогна на Ајакс да стигне до финалето во ЛЕ каде ќе игра против Манчестер Јунајтед. Црвените ѓаволи се тие кои сакаат да го доведат младиот данец во својот тим.

Иако младиот напаѓач неодамна изјави дека желба му е да остане во Ајакс, следната сезона тешко дека одолее на интересот од Јунајтед. Според англиските медиуми, Жозе Мурињо во него ја гледа замената за Златан Ибрахимовиќ.

Првата желба на Јунајтед е Антоан Гризман, но малку се шансите напаѓачот на Атлетико Мадрид дека ќе стигне на Олд Трафорд. Црвените ѓаволи се насочија кон Долберг за кој се спремни да платат до 30 милиони евра.