Мурињо: „Не ме интересира како ќе ме пречекаат на Стемфорд Бриџ“


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Фудбалерите на Челси и Манчестер Јунајтед ќе ги одмерат силите на утрешниот натпревар во Премиер лигата.

    Тоа ќе биде голема битка на два големи клубови, но и враќање на Жозе Мурињо на „Стемфорд Бриџ“, за прв пат по неговиот отказ минатата година.

    Во последно време многу се зборува за тоа како ќе биде дочекан од страна на навивачите на Челси, но Мурињо вели дека воопшто не размислува во врска со тоа.

    Не ми е гајле каков дочек ќе имам. Кога ќе влезам во натпреварот, не се фокусирам на тоа, туку на самиот натпревар. Не знам што да очекувам навистина. Можеби реакцијата ќе биде одлична бидејќи сите тие ќе се сетат на големата врска која ја имавме, а можеби и воопшто нема да сакаат да ме видат бидејќи таму 90 минути ќе бидам како менаџер на Манечстер Јунајтед“, изјави Мурињо.

    „Некои менаџери кога ќе го напуштат клубот сакаат да ја изнесат и нечистотијата. Само зборуваат и зборуваат, но јас не сум таков. Јас си заминувам од клубот со добри сеќавања. Со чувства на успех бидејќи дадов се за целиот клуб и нема да зборувам за работите, особено за оние лошите“, додаде Мурињо.