„Мурињо освои се, но не е магионичар“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Тренерот на Фенербахче Дик Адвокат смета дека Жозе Мурињо не е магионичар.

    Фенербахче денеска го дочекува Јунајтед во четвртото коло на Европската лига, а во пресрет на натпреварот даде коментар:

    „Овој човек докажа во сите земји со наградите кои ги освои и тоа е навистина неверојатно, но не е магионичар. Постојат толку добри играчи, но тешко да се најде вистинскиот состав. Дали се тоа Марсијал, Рашфорд или Руни“, се прашува Адвокат, па продолжува:

    „Но, прашање е на време кога ќе заиграат. Сигурен сум дека Јунајтед ќе почне да игра добро. Ибрахимовиќ ќе почне да постигнува голови, сепак тоа е човек кој знае како да постигне гол. Нема причина за загриженост“.

    Јунајтед против Фенер на Олд Трафорд славеше со 4:1, а сега Турците ќе пробааат да се реваншираат во Инстанбул.