Мурињо потврди, играч за врска го напушта Манчестер Јунајтед!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што беше најавено, за Французинот нема место во тимот на Манчестер Јунајтед.

Манчестер Јунајтед нејверојатно ќе се откаже од неколку фудбалери во овој јануари, а еден од нив може да биде и Морган Шнајдерлин, потврди Жозе Мурињо.

Фудбалер кој далеку повеќе простор имаше кај Луј Ван Гал во минатата сезона, во оваа не добива премногу шанса кај Мурињо па заминувањето е нешто што се наметнува како логично решение, а Јунајтед на масата веќе има понуда од ВБА од 13 милиони евра.

„Мојот одговор е едноставен, да има повеќе минутажа и улога, би рекол дека нема шанса да оди. Ако сепак не игра колку што се очекува, немам право да речам на некој играч “нема шанса да заминеш во друг клуб“. Значи мојот одговор е следен – ако понудата е задоволувачка  и нашата управа смета дека тоа е добро и з нас и за Морган, јас нема да спречам да замине“, потврди Мурињо.

Покрај Шнајдерлин, се очекува екипата да ја напушти и Маруан Фелаини кој наводно бил на преговори во Милано.