До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Жозе Мурињо е свесен дека промени се преку потребни.
Дилема повеќе нема, после серија на очајни резултати, Мурињо ќе мора во целост да го промени тимот.
Пишувавме за учинокот на Јунајтед под водство на Ван Гал и Мурињо, а денеска англиските медиуми, поточно доверливиот Телеграф, објави листа на одиграчи кои ќе го напуштат Олд Трафорд.
Од порано е познато дека Бастијан Швајнштајгер ќе го напушти тимот, а покрај него, речиси е сигурно заминувањето на Маркос Рохо, Матео Дармијан, Фил Џонс, Морган Шнајдерлин, Мајкл Керик, Ешли Јанг и Мемфис Депај.
Овој извор наведува дека поедини играчи ќе заминат веќе на зима, додека остатотот во наредното лето ќе мора да бара нова средина.
Тоа значи дека Мурињо повторно ќе троши огромна сума на пари за реновирање на тимот, поради тоа што во минатото лето потроши 200 милиони евра само за дување на Погба, Михтаријан и Бејли.















