Мурињо сврти нов лист: Марсијал доби ултиматум


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Мурињо во оваа сезона е разочаран од игрите на францускиот репрезентативец Антони Марсијал.

    Во оваа сезона Марсијал е тотално вон форма, и Јунајтед се двоуми дали да го испрати на позајмица или да го остави во тимот, а за тоа ќе одлучи Жозе, кој на Французинот веќе му зборуваше одредено време дека треба да биде посериозен, односно да го подобри својот однос кон тренинзите и да се избори за место во првиот состав.

    „Начинот на кој тимот играше во минатата сезона- не велам подобро или полошо, веќе подруго, сигурно повеќе ќе одговара на Марсијал. Веројатно се чувстувал многу подобро играјќи така, па веројатно му е потребно одредено време да се навикне“, рече Мурињо и продолжи:

    „Во нашиот тим на таа позиција ги имаме Михтаријан, Лингард, Депај, Мата, Рашфорд и Марсијал. Веројатно е таа позиција на која имаме најмногу опции. Вие добивате една шанса, друга, трета… Ако не гризнете, ќе дојде некој друг и ќе го земе месото. Сите тие се колеги и тренираат секој ден во групата, но на крајот мораат да се натпреваруват со цел на себе да си осигураат што повеќе минути“.

    Да потсетиме дека Марсијал во оваа сезона одигра осум мечеви во Примера и постигна само еден погодок.