Мурињо се договори со својот агент! Стигнува засилување од Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ако се верува на последните пишувања на медиумите на Островот и во Шпанија, Манчестер Јунајтед на големо работи околу доведување на Џејмс Родригез на Олд Трафорд.

Џејмс Родригез веќе одлучи дека сака да се пресели во Јунајтед на крајот на сезоната, дури и побара двојно државјанство.

Според пишувањата на „Диарио Гол“ агентот на Џејмс Родригез, Хорхе Мендеш, ги договори сите услови со челниците на Црвените ѓаволи.

Треба да се напомене и дека Хорхе Мендеш е агент и на Жозе Мурињо.

Јунајтед моментално се бори за пласман во Лигата на шампионите, а се борат и за трофеј во ЛЕ.

Сепак, за да ја нападнат титулата во Премиер лигата, потребни им се засилувања, а Џејмс Родригез е секако еден од играчите кој може да им помогне во нивните настојувања.

Реал Мадрид за Родригез бара 67 милиони фунти, односно 80 милиони евра, исто колку што и го платија кога го доведоа од Монако.