До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерот на Тотенхем Деле Али го продолжи договорот до 2022 година, соопшти денеска лондонскиот клуб.
Како што наведуваат британските медиуми, дваесет годишниот фудбалер доби подобри услови во новиот договор, со кој на Вајт Харт Лејн ќе остане до 2022 година.
Тој во минатиот август дебитираше за Тотенхем, беше едне од најдобрите играчи на екипата која во минатата сезона го завзеде третото место во првенството и прогласен за најдобар млад играч во Премиер лигата. Али во минатата сезона постигна 10 голови во првенството.
Тој во минатиот ноември дебитираше за репрезентацијата на Англија, а беше во екипата на ЕП во Франција во ова лето.
„Кога бев млад и кога не играв фудбал, сакав да се угледам на фудбалерите, ги барав на веб сајтовите, сакав да видам како играат. И понатака сум ист, за мене ништо не се промени, останав ист. Среќен сум што сум овде и што играм за Тотенхем. Не можам да се замислам подобро, со вакви навивачи и тренер и млад тим, ова е одлично место“, рече Деле Али за клупскиот сајт.
Пред него договорите со Тотенхем ги продолжија Кристијан Ериксен, Ерик Даер, Хари Винс и Том Керол, а се очекува дека наскоро ќе ги продолжат договорите на Денис Роуз, Јан Вертонген и Ерик Ламела.















