Навивачите на Барселона воодушевени: Де Јонг си поигра со Крос


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезантацијата на Холандија синоќа беше поразена на свој терен, на големото дерби со Германија со резултат 3:2.

Во одличниот натпревар во Амстердам, Германија имаше предност од 2:0, но Холанѓаните успеаја да се повратат и да го израмнат резултатот на 2:2.

Но, во 90. минута, гостинската репрезентација дојде до голема победа и три бода во квалификациите за Европското Првенство.

Холандија делува многу моќно со подмладената екипа, а синоќа Френки Де Јонг воодушеви многумина. Тој од почетокот на летото за 75 милиони евра ќе биде играч на Барселона.

Де Јонг во финишот на натпреварот имаше фантастичен потег кога го „сврте“ искусниот Тони Крос кој не знаеше каде се наоѓа. Очигледно тој веќе му покажа на Крос што да очекува од наредната сезона на натпреварите помеѓу Барселона и Реал Мадрид.