До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Одредени се судиите за дерби мечот Ливерпул и Манчестер Јунајтед кое се игра во следното коло од Премиер лигата, а навивачите на Ливерпул никако не се задоволни со одлуката.
Понеделник од 21 часот, спремете се тога шза големо дерби на англискиот фудбал каде што ќе играат Ливерпул и Манчестер Јунајтед на Енфилд.
Ќе биде тоа судар на двете најтрофејни екипи во Англија, два гиганти, два големи трансфери – Клоп и Мурињо.
За овој меч се одредени и судиите, а нвивачите на Ливерпул се посебно незадоволни со одлуката да суди Ентони Тејлор.
Зашто? Дали нешто посебно ги оштети во претходните мечеви?
Не, не ги оштети, но навивачите на Ливерпул стравуваат дека тоа може да се случи бидејќи овој 37-годишен арбитар потекнува од Витеншејв во Горен Манчестер, а сега живее само на 10 километри од Олд Трафорд.















