Навивачите на Милан ќе разберат: Емотивна порака на Галијани


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Адријано Галијани уште малку ќе биде дел од Милан, а тогаш се повлекува.

    Галијани е оперативец на Милан долго низ годините и човек кој е задолжен за многу успеси на Росонерите.

    Некогаш беше на навивачите омразен поради не баш најидеалните потеги во текот на преодниоте рокови, но сеедно ќе остане со златни букви запишан во историјата на славниот клуб.

    Како што се ближи денот кога Кинезите ќе седнат на чело на Милан, така се одбројуваат и деновите на Галијани на Сан Сиро.

    „Милан е сон, вечна љубов и ова нема да биде крај на таа љубов. Фокусиран сум на мојата работа, ќе останам верен до крајот на процесот (преземање на клубот од страна на Кинезите).

    Ќе останам и после тоа навивач на Милан, љубовта нема да исчезне“, рече Галијани, додавајќи:

    „Милан е роден на 6 декември 1899 година и тој секогаш ќе постои. Директорите заминуваат, но важно е дека на Милан и оди добро. Сакам да се потсетам на 28 трофеи и 16 второпласирани места. Имаме многу трофеи, Милан е сепак голем клуб“.

    На прашањето дали богатите Кинези ќе го вратат Милан во самиот врв на европскиот фудбал, Галијани одговори:

    „Искрено се надевам дека е така, но постојат многу големи клубови и нема да биде лесно. Тешко е да се игра во рангот со Барса и Реал Мадрид“, додаде тој.