До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Арсенал после 10 кола го дели првото место од Премиер лигата со Манчестер Сити и Ливерпул. Ниеден од споменатиот троец не сака лесно да испушти бодови, но посебно треба да бидат загрижени навивачите на Топџиите.
Имено, Арсенал низ историјата под водство на Арсен Венгер, значи веќе 20 години, педантно паѓа во 11 месец од месецот.
Всушност, Топџиите во тој месец се вистинска катастрофа. Во минатиот месец загубија од Баерн 1:5, ремизираа против Тотенхем па тогаш загубија од ВБА и ремизираа против Норвич.
Да земеме во предвид колку Лестер на крајот побегна во борбата за титулата, може да се заклучи дека Арсенал таа трка ја загуби токму во ноември. Покрај се тоа, испушти на домашен терен водство против Андерлехт од 3:0!
Покрај тоа, лондонското дерби во недела против Спарси е исклучително важно за Арсенал кој освен кршеше на „проклетството“ ќе намали еден од конкурентите.
Топџиите во 11 месец играат против Лудогорец во гости, Тотенхем дома, Манчестер Јунајтед во гости, и ПСЖ, Борнмут и Саутемптон дома.
Инаку, Арсенал во овој месец освојува само 1.6 бодови во просек, додека Венгер во останатите месеци е на просек од 1.98 бодови по дуел.















