Навистина најлоши! Емполи и Хамбург во епизода „Што беше тоа погодок“


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Голгетерски учинок од кој ги боли главата навивачите на италијанскиот и германскиот клуб.

    Постојат оние најдобрите во европскиот фудбал, Лео Меси, Кристијано Роналдо, Реал, Баерн, Барселона…А тука се и оние најлошите, јунаците на долниот дел на табелата, негативна статистика и клубови кои служат за потсмев. После десет одиграни кола во најдобрите пет лиги, германски Хамбургер и италијански Емполи се издвоија како вистински анти-херои кога е во прашање ефикасноста.

    Двата клуба до сега постигнаа по два погодоци. Емполи за нијанса е полош бидејќи одигра 10, а Хамбургер девет натпревари.

    Интересно, клубот од Тоскана двата погодоци оваа сезона ги постигна во победата во Серија А против Кротоне во натпревар кој беше одигран на 12-ти септември. Стрелците беа Џузепе Белуши и Андреа Коста.

    Кога се работи за Хамбург, првиот погодок овој клуб го постигна на отворањето на бундеслигашката сезона во ремито против Инголштадт. Боби Вуд го постигна погодокот. Долго навивачите на Хамбургер не чекаа долго бидејќи падна во следното коло одиграно на 10-ти септември. Несреќа е во тоа што Хамбургер беше поразен во тој натпревар од Баер Леверкузен, 3:1. И тој погодок го постигна Боби Вуд. А од тогаш голгетерски молк…